Delta Funktionen во МКЦ

Desonanz Festival 2017 клубска вечер во соработка со Taksirat Festivalсо гостување на Delta Funktionen (Delsin Records / Radio Matrix ::: Berlin) во четврток во МКЦ.

Delta Funktionen е истакнат ветеран на светската хаус, техно и електро сцена чии DJ сетови се легендарни во својата техничка софистицираност и прецизност како и сировата креативна енергија која го движи подиумот низ неговите препознатливо долги сетови. Оваа година Delta Funktionen со неговите настапи ги запали берлинските Tresor и Berghain, ја започна својата резиденција во Shelter Amsterdam и приреди незаборавна журка во клубот Epicentar во Скопје. 

За своите сетови вели дека раскажува приказна која не води низ непознати градови од иднината исполнета со широка палета на бои и емоции, но и чувство на слобода и забава. Неговата музика е подеднакво технички прецизно изведена и раскошно имагинативна, а дискографијата му брои три албуми и бесконечна низа на плочи.

Приказната на вечерта ќе ја започне Apostolski (Drop Series / Скопје), чии вешти миксови и еклектичен избор совршено ја загреваат атмосферата, а вечерта, завршен збор ќе има Mitrik (Room 313 / Прилеп).