Делови се затрупани - снегот доаѓа во градовите во Македонија

Додека во регионот веќе има снег, кај нас се најавува од вторник.

Се очекува насекаде формирање снежна покривка, а на планините ќе има нејзино значително зголемување. Изобилни врнежи од снег се очекуваат во јужните и источните делови на Македонија.

Инаку, во делови од регионот како Хрватска, веќе има снежна покривка од 118 сантиметри, а снегот не престанува. Се очекуваат уште 50 сантими до утре, веќе нема и како да се чистат улиците, а прогласен е и црвен метео аларм.