Делови од три скопски населби утре без струја

Дел од корисниците од село Љубин и корисниците од објектите на Вилан и на Даути Комерц во општина Сарај утре од 8:30 до 9:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:30 до 10:30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од комплексот Злокуќани во општина Карпош, а од 9 до 15 часот делот од улицата „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров на потегот од десната страна после надвозникот.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани интервенции во електро-системот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.