Делови од Скопје во вторник ќе останат без струја

Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од ул. 10 во с. Долно Лисиче и дел од истото село во Општина Аеродром, а од 08:30 до 12:00 часот корисниците од дел од ул. Даме Груев и неколку објекти помеѓу крстосниците од бул. Партизански Одреди и ул. Димитрија Чупоски во Општина Центар.

Како што соопшти РЦУК-Скопје по информација добиена од ЕВН-Македонија АД, прекинот во снабдувањето со струја е заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.