Делови од Скопје утре без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат за РЦУК дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе останат: од 13.30 до 14.30 часот, корисниците од селата Студеничани и Морани (општина Студеничани), од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Глумово, ПС во село Глумово, Адриус, дел од село Сарај, селата Шишево и Матка и фирмата Бис-Оил во општина Сарај.

Од 09.00 до 15.00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците Ацо Караманов, Периша Савелиќ, Питу Гули и Партение Зографски во Центар.

Од 11.00 до 12.00 корисниците од улиците Сердарот и Иван Хаџиниколов, подулица 1,  Кисела Вода. Од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците 23 Октомври 42. во Аеродром.

Без струја од 08.30 до 09.30 часот ќе бидат корисниците од дел од село Студеничани (општина Студеничани и во време од 09.45 до 10.45 часот, сите корисници од села во општина Зелениково.