Делови од Скопје денес без вода

Корисниците од селата Ракотинци, Добри Дол и Сопиште утре, 22 ноември, ќе останат без вода.

„По добиеното известување од ЈП ‘Водовод и канализација’, ги известуваме граѓаните дека поради вградување нрегулатор за притисок во Сопиште – потисна цевка за село Ракотинци, во периодот од 10 до 16 часот без вода ќе останат корисниците од селата Ракотинци и Добри Дол, како и дел од корисниците од село Сопиште“, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.