Делови од Скопје без вода и струја

Корсниците од улиците „Аминта Трети“, „Наум Наумовски Борче“ и „Чедомир Миндеровиќ“ во општина Центар утре од 8 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е отстранување уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Аминта Трети“ бр.33.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не го отстранат дефектот. 

Поради технички зафати во електро-мрежата утре без електрична енергија ќе останат делови од Кисела Вода, Карпош, Сарај и Шуто Оризари.

РЦУК Скопје по добиеното известување од ЕВН Македонија АД соопшти дека без електрична енергија од 08:30 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од дел од бул.„Борис Трајковски“, поточно околината кај првиот влез во фабриката Охис во општина Кисела Вода, а од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул.„Скупи“ во населбата Злокуќани во општина Карпош.

Без електрична енергија утре од 08:30 до 14 часот ќе бидат корисниците од дел од селото Рашче во општина Сарај, а од 09:30 до 15 часот, корисниците од дел од ул.„Пелагонија“ и ул.„Брсјачка Буна“ во општина Шуто Оризари.