Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Поради изведување технички зафати утре без електрична енергија ќе останат делови од Кисела Вода, Карпош, Сарај, Шуто Оризари и Ѓорче Петров.

Од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од  дел од населбата Припор, од 09:00 до 11:00 часот корисниците од дел од ул. „Женевска“, од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите (ресторан, хотел, црква,..) во Кањонот Матка и Резерватот Јасен, од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од улицата „Злетовска“, дел од улицата „Брсјачка Буна“ и дел од улицата „Пелагонија“, од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од селото Семениште и дел од селото Чајлан и од 10:00 до 12:00 часот корисниците од  улицата „Борис Сарафов“ од бр.154 до бр. 158 и улицата „Андреја Зограф“ бр. 2.