Делови од неколку скопски општини утре без струја

Од 8:30 до 9:30 часот утре без струја ќе останат корисниците од Домот за стари лица Волково и околните викендици во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од Ново Село, од сред село, кај основното училиште и од улицата „4“ во општина Ѓорче Петров.

Од 8:45 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од компаниите Оптима, ФудБазар, DHL, Ванекс, Чеза, Ролопласт, Мотел Белви и Феликс во општина Илинден.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електросистемот.