Делови од неколку скопски општини утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Јуриј Розентал“, „Иљо Војвода“, „Мелничка“, „Виничка“, „Гвадалахара“, „Нов Живот“, „Вашингтонска“, „Бутелски Венец“ и „Че Ге Вара“ во општина Шуто Оризари утре од 8:30 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Бутелска“ кај каналот, „Призренска“ и „Бел Камен“, од 9:30 до 11 часот, дел од улицата „Хо Ши Мин“ во општина Бутел, а од 12 до 15 часот дел од корисниците од подулиците број „10“, „14“ и „16“ во село Бардовци.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.