Делови од Кисела Вода, Гази Баба, Сарај и Ѓорче Петров утре без струја

Корисниците од улицата „Ѓорѓи Сугаре" број 16 во Општина Кисела Вода утре од 8:30 до 9:30 часот ќе останат без струја.

Како што информира Регионален центар за управување со кризи на Град Скопје, од 8:30 до 10:30 часот без струја ќе останат и корисниците од улицата „519" во населба Керамидница во Општина Гази Баба.

Во период од 8:30 до 13:30 часот ќе биде објектот на маркет Тинекс на булеварот „Борис Трајковски" во Општина Кисела Вода

Од 8:45 до 10:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка, дел од корисниците од село Сарај, како и објектите на Бис Оил, Адриус и Ти Амо во Општина Сарај, а од 9:00 до 15:00 часот, ќе бидат корисниците од населба Стопански Двор лоцирани во околината на поранешна ЗЗ Прогрес во Општина Ѓорче Петров.