Делови од Чаир и Шуто Оризари утре ќе останат без струја

Корисниците од улицата „Че Гевара" во општина Шуто Оризари утре од 9 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 10:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од булеварот „Македонско-Косовска бригада", дел од Топанско Поле, бензинската на Макпетрол во Топанско Поле, како и дел од улицата „Аугуст Цезарец" во општина Чаир.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во системот од страна на екипите на „ЕВН Македонија" АД.