Делови од Центар, Аеродром, Кисела Вода и Шуто Оризари утре без струја

Од 9 до 11 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од улицита „Питу Гули“ бр. 11, 27, 29 и бр. 31 во општина Центар.

Во периодот од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од објектите спроти салата „Јане Сандански“, булеварот „АСНОМ“ 54, 56, 58 и 60 во општина Аеродром, а од 9:30 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Пелагонија“ и „Брсјачка буна“ во општина Шуто Оризари.

Без струја од 8:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Демостенова“ во општина Кисела Вода.

Како што информира РЦУК на Град Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електромрежата.