Делови од Аеродром, Центар и Сарај утре ќе бидат без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Аеродром, Центар и Сарај, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 16:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул. „Тодор Чангов” со подулиците, делот после ресторанот Едера, Општина Аеродром.

Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Ѓорѓи Абаџиев” и ул. „Кумровец”, Општина Центар.

Во периодот од 12:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од село Љубин,  ул. „3″ и околните улици, Општина Сарај.