Состојки:

600 гр фета сирење

200 гр кашкавал

200 гр печеница

200 гр шампињони

малку кечап или доматен сос

малку оригано

Состојки за бешамел:

60 гр маргарин или путер

3 лажици брашно

1/2 л млеко

Начин на подготовка:

Се топи маргаринот, се додава брашното, се пропржува, па се додава и ладното млеко. Мешајте додека бешамел сосот да ја добие потребната густина.

Фета сирењето се сече на коцки, половина се става во керамички сад, па се става половина од бешамел сосот, а над бешамелот ставете ги сечканите шампињони и печеница, па кечапот, ориганото и малку кашкавалот.

Ставете го и преостанатото фета сирење, па втората половина од бешамел и преостанатиот кашкавал.

Ставете го јадењето во рерна и печете околу 30 минути во загреана рерна на 250 степени.

Сервирајте го додека е топло.