Дел од пешачките површини им се вратија на пешаците

Изминативе две години во Скопје се посветува големо внимание на местото на пешаците во јавниот простор, велат од градската управа. Се создаваат простори што се безбедни, корисни и проточни.

- Се поставуваат дрвореди, зеленило и урбана опрема на местата каде некогаш паркираа возачите, додаваат од градот.

На крајот на европската недела на мобилноста, која што оваа година е посветена на пешачењето и велосипедизмот, се даде пример со неколку тротоари кои конечно им се вратија на пешаците.

На овој тротоар на Рузвелтова не можеше да се помине од паркирани возила од околните кафулиња.

Тротоарот пред Трготекстил на ул. Кирил и Методиј е збогатен со улична уметност и саксиско зеленило за попријатни прошетки, но и заради блокирање на пристапот на возилата.