Дел од општина Центар без вода

Корисниците од населбата Маџар Маало во општина Центар од 10:00 ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација “ - Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е реконструкција на водоводна цевка со пречник од 200 милиметри на улицата „Ѓуро Ѓонoвиќ“ бб.

Корисиниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација “ не завршат со реконструкцијата.