Дел од општина Бутел утре без вода

По добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација Центарот за управување со кризи ги информира граѓаните дека утре поради реконструкција на водоводна мрежа  со пречник од Ф-80 мм на ул. Бутелска бр. 2  во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Бутелска, поточно аците со парни броеви од бр. 2 до бр. 12.

Прекинот ќе биде од 11 часот, па се до завршување на реконструкцијата.