Дел од општина Аеродром утре без вода

По добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, РЦУК Скопје ги известува граѓаните дека поради технички зафати во водоводната мрежа утре во периодот од 10:00 - 11:00  часот, ќе има краток прекин во водоснабдувањето.

Прекинот, според најавите ќе биде во високата зона односно становите над  4 - ти  кат од зградите во  на населбите: Стар Аеродром, Јане Сандански и Ново Лисиче.