Дел од Ленинова затворена за сообраќај

Општина Центар почна со реконструкцијата на вториот дел од улицата Аминта Трети, поранешна Ленинова. По завршувањето на делот од Градски парк до булеварот Илинден, се поставува нов асфалт на делот до улицата Орце Николов. Додека траат градежните работи овој дел од улицата ќе биде затворен за сообраќај.

"Се работи за 7 метри широк и 70 метри долг коловоз, кој имаше површинско оштетување поради што не можеше нормално и безбедно да се одвива сообраќајот", велат од Општина Центар.