Дел од Гази Баба и Центар утре без вода

Корисниците на дел од М.Т.В., дел од Крњево, дел од Керамидница и бензинската пумпа Макпетрол утре ќе бидат без вода поради промена на затварач од Ф-600 мм на Кеј Димитар Влахов бб (на паркинг пред М.Т.В.).

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во водоснабдувањето во овие наслени места во општините Центар и Гази Баба, ќе трае од 08:30 часот до санирање на дефектот.