Дел од Чаир утре ќе остане без вода

Утре дел од Чаир ќе има проблем со водоснабдувањето.

Поради водоводен приклучок на улицата евастополска бр.48 во населбата Чаир, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Севастополска, дел од улицатаКримска и дел од улицата Рифат Бурѓевиќ.

Корисниците од овие улици ќе немаат вода од 10 часот до завршување на санацијата, соопшти Центарот за управување со кризи.