Без вода утре од 8:30 ќе останат дел корисниците од булеварот „Св Климент Охридски“ и дел улицата „Максим Горки“ во Општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот со водоснабдување е поради отстранување дефект на затворач со пречник 100 мм, на булеварот „Св. Климент Охридски“ бр. 54, во Центар и ќе трае до неговото санирање.