Deja Vu Capitol Mall слави 2 години постоење

По повод 2 години од постоењето на ланч барот „Дежа Ву“ (Deja Vu) во трговскиот центар Капитол Мол во Аеродром, попладневна забава ќе се одржи со почеток од 17 часот.

Популарната петочка afterwork забава и овој пат ќе биде незаборавна, за што ќе се погрижи Аца Лукас. Информации поврзани со резервирање на места може да се најдат на фејсбук фан-страната на „Дежа Ву“.