Дедомразовска трка во Скопје

Во центарот на Скопје денеска напладне ќе почне традиционалната Дедомразовска трка во која учесниците ќе бидат облечени во  костуми на Дедо Мраз. 

Почетокот и крајот на трката се во паркот „Жена-борец“, а ќе се трча кон мостот кај МНР, покрај Вардар до Камениот мост и преку плоштадот „Македонија“ до целта.

Должината на патеката е два километра. Може да трчаат и деца во придружба на родители. 

Учеството во трката чини 300 денари, а за првите 300 пријавени следува дедомразовски костум.

За победниците се предвидени награди. Пред и по трката ќе има музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Почетокот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети е денеска од 9 до 11 часот.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со пријавување на веб-страницата www.prvdovrv.mk, а е поддржана од „Coca-Cola“ и Град Скопје.