Дедо Мраз утре ќе пристигне на улица Македонија

Градот Скопје ги забавуваше граѓаните 7 дена и утре, сабота, 31.12.2016, е последниот и 8ми ден од Новогодишниот базар „Подари среќа“ и поради тоа Дедо Мраз ќе го посети базарот во 11.30 часот и ќе и се приклучи на новогодишната парада.

Илјадници граѓани го посетија базарот исполнети со радост и среќа. Улица Македонија вриеше од насмевки, забава и воодушевувања. Најпопуларниот сегмент за сите генерации беше Новогодишната парада и дефилето на Снежната кралица кое ќе се одржи повторно во сабота, 31.12.2016, со почеток во 10.30 часот.