Дечињата со Даунов синдром го разубавија центарот со садење цвеќиња

Децатa и млади со Даунов синдром, деновиве ги разубавуваат просториите во Центарот за  Даунов синдром со садници собно цвеќе. Покрај готвењето, учењето, ликовните и логопедски работилници што се случуваат во овој центар, штитениците завчера научија и како се садат цвеќиња, а добија и мала обука за тоа како да ги одгледуваат.

- Идејата ни беше  секој да добие свое цвеќе за кое  ќе се грижи понатаму. Со ова сакаме да им го развиваме чувството на одговорност за нешатата.  Под секое цвеќе стои името на неговиот сопственик кој  понатаму треба да го следи растението, да го наводнува и наѓубрува. Сите беа пресреќни што добија свое цвеќе, а покрај секое стои и календар за наводување и друг вид грижа – вели Јамболка Димитрова, претседателка на здружението „Трисомија 21“ од Скопје.

Цвеќињата го донираше фирмата „Супер Гарден ДООЕЛ Скопје“ заедно со саксиите, земјата и сите други потрепштини за садење.