Дечињата го заслужуваат тоа: Пертутнина птуј донира храна за СОС Детското село

Словенечката компанија од прехранбената индустрија, Перутнина Птуј потпиша меморандум за соработка со С.О.С Детско село со кој се предвидува дечињата и семејствата да конзумираат премиум производи донација од оваа компанија.

Благодарам на Директорот на Перутнина птуј за иницијатава да почнеме соработка со која го овозможиме подобра животна средина за нашите деца и нашите семејства, а ќе овозможиме на Перутнина птуј да се развива во полето на општествено одговорно и да придонес во полето за „подобро утре“ во нашето општество, изјавија од СОС Детското село на денешното потпишување на меморандумот за соработка.

Во рамки на денешниот настан освен потпишување на меморандум за соработка беше организирано дружење со вкусна храна подготвена од готвачот Марк, а во која беа употребени производи - донација од Перутнита Птуј.

Иницијата на некој начин беше заедничка, од двете страна. Ние имаме особено задоволство за денешниот меморандум за соработка кој што значи продлабочување на соработката помеѓу Перутнина птуј и Детското село. Задоволен сум што децата од Детското село ќе имаат можност да ги конзумираат нашите премиум производи што не става во врвот на општествени организации во Македонија, изјави Стефан Шишовски - директор на Перутнина Птуј Македонија.

Групацијата Перутнина Птуј е меѓународна групација на компании со долга традиција. Нивната главна цел е да приготвуваaт природна, здрава и вкусна храна. Тие ги имаат поставено највисоките стандарди за квалитет, следливост, безбедност и екологија.