Децата за разводите: 29 работи кои би сакале нашите родители да ги знаат!

Кога ќе прашате дете чии родители се разведуваат, за тоа како се чувствува, тоа најверојатно ќе молчи и нема да ви каже ништо. Но, ако прашате возрасна личност за тоа како се чувствувала додека растела меѓу две куќи, таа ќе ви каже многу работи.

Зборувавме со возрасни луѓе кои биле деца кога нивните родители се разведувале и ги прашавме што посакувале нивните родители да знаеат во тоа време, но никогаш не им кажале. Добиените одговори се многу искрени и емотивни.

1. Што и да се случило, сѐ уште ве сакаме подеднакво.

2. Го мразиме тоа што мораме да пакуваме за да отидеме во друга куќа.
3. Не е секоја дупка во улиците крива за вашиот развод, затоа престанете да ги обвинувате сите околу вас.
4. Ве молам немојте со нас да ги делите сите детали околу вашите кавги, особено ако сме доволно возрасни за да сфатиме за што се работи.
5. Сакаме да се бориш за нас. Секој втор викенд едноставно не е доволно и ни делува како воопшто да не ти е грижа и тоа нѐ боли.
6. Незгодно ни е кога се обидувате да ни ја „купите“ љубовта со подароци и патувања.
7. Но, супер е тоа што празниците ги славиме во две куќи, а тоа значи јадење, дружење и среќа.
8. Кога ме кај едниот, секогаш ни недостасува другиот родител. Тоа не значи дека ти не чиниш, туку ве сакаме и двајцата.
9. Престанете да се обидувате да извлечете информации за другата страна. Не е фер да нѐ ставате во средина.
10. Забележуваме кога ги одложувате непријатните одлуки и се обидувате да ги префрлите на другиот родител. Ние претпочитаме јасно да ни кажете на што сме.
11. Те молам, јавувај се на телефон кога ти се јавуваме од другата куќа. Раздвоеноста и онака е тешка, секој контакт ни е потребен.
12. Знаеме дека не ти е лесно, сосема е во ред да имаш лоши денови.
13. Никој не сака да расте во „ние и тие“ ситуација, затоа потруди се тоа да биде најдобрата можна „ние“ ситуација. Не мора да сте во брак за да функционирате како тим.
14. Вашите деца не се терапевти. Ве молам, или побарајте професионална помош или доверувајте се на најдобрите пријатели, затоа што ние не знаеме што да правиме.
15. За да биде полесен процесот на транзиција, полека почни да се гледаш со нови луѓе и не ги запознавај со нас ако не сте во сериозна врска.
16. И натаму сакаме и двајцата да доаѓате на наши натпревари, концерти, итн. Дури и ако не е „ваш ред“ за да бидеме кај вас.
17. Вашето меѓусебно незадоволство се одразува на нас.
18. Ве молам не се расправајте пред нас. Зарем целта на разводот не беше да престане тоа?
19. Знаеме дека сте се развеле со причина. Меѓутоа, тоа не значи дека сакаме да ја знаеме таа причина.
20. Знаеме дека вашите „пријатели/пријателки“, се многу повеќе од тоа.
21. Мразиме кога плачеш. Сакаме да поправиме сѐ, но не можеме.
22. Нашите моменти се скапоцени, ве молиме да не бидете огорчени додека траат.
23. Знаеме дека не е лесно кога заеднички треба да правите некои работи. Фала ви што толку се трудите поради нас.
24. Не нѐ користите како аргументи во вашите расправии, особено не за да се повредите едни со други. Нѐ ставате во многу незгодна ситуација и ние се чувствуваме виновни за се.
25. По разводот и ние сме вознемирени, но во друга смисла. Ве молам да нѐ разберете кога не се однесуваме онака како што вие би сакале.
26. Знаеме кога се преправате.
27. Ве молам немојте да ме терате да бирам помеѓу вас. И двајцата сте ни потребни.
28. Немојте да ни набивате грижа на совест само затоа што уживаме кога сме со другиот родител.
29. Не ве сакаме помалку поради тоа што сте се развеле.