Децата се радуваат на новогодишните пакетчиња, но внимавајте кога ги купувате

За најмалите Нова година значи Дедо Мраз и новогодишно пакетче под елката. Нова година за нив е момент на радост кога ќе можат да соберат што е можно повеќе пакетчиња.

Уште пред неколку недели низ маркетите почнаа да се продаваат новогодишни пакетчиња, со различна цена, за сечиј џеб.

Но, пред да се одлучите кое пакетче ќе го изберете, првин помислете на детето. Добро разгледајте што има внатре. Дали  тоа што го има, одговара на возраста на детето на кое ќе му го подарите.

Често пати се случува производите во пакетчето да се со поминат рок, или да се при крај. Па затоа бидете внимателни.

Најдобра опција е самите да си направите пакетче. Така точно ќе знаете што ќе ставите внатре, а нема да ве чини поскапо од она што се продава во маркетите.

Не заборавајте, децата сепак најмногу се радуваат на играчките, па затоа подарете им ги и нив, но внимавајте пак која играчка ќе ја изберете, од каков материјал е направена и дали одговара на возраста на детето за која е наменета.