Децата се она што го искусуваат

Детето кое искусува непријателско однесување, ќе се научи да се расправа.
Детето кое искусува рамнодушност, ќе се научи да биде осамено.
Детето кое искусува критики, ќе се научи да ги осудува другите.
Детето на кое често му се приговара, не може да забележи дека околината го сака.
Детето кое е подложно на исмејување, ќе се научи да биде повлечено.
Детето кое искусува срам, ќе научи да се срами од самото себе.
Детето кое нема брат или сестра, нема да научи што е братска или сестринска љубов.
Детето кое искусува толеранција, ќе научи да биде трпеливо.
Ако детето е охрабрувано, тоа ќе биде сигурно во себе и ќе има самодоверба.
Ако детето добива пофалби, ќе научи како да го забележува и цени доброто.
Ако детето искуси сигурност, ќе научи како да верува.
Ако детето искусува одобрување, ќе научи да биде задоволно со себеси.
Детето со кое се разговара, ќе научи да размислува.
Детето кое е сведок на љубовта помеѓу неговите родители, ќе научи дека семејството е заедница на љубовта.
Ако детето живее со прифаќање и задоволство, ќе научи да пронаоѓа љубов во целиот свет.