Децата од Железара сами го исчистија ѓубрето околу зградите во населбата

Жителите на Железара, предводени од децата од населбата го презедоа здравјето и безбедноста во свои раце. На социјалните мрежи објавени се фотографии како жителите на овој дел од Скопје самите го чистат ѓубрето околу зградите.

„ЈКП „Гази Баба 2007“ мирно да спиете, после 10 покани во кои ве повикувавме да го исчистите дувлото обраснато со високи треви,суви гранки и 2 тона ѓубре кое вие сте должни редовно да го чистите ние станарите од околните згради на ул “Коце Металец” нас Железара самоиницијативно ја завршивме вашата работа .Ич да не се замарате ни во иднина да доаѓате навака зошто околу 400 станари кој живеаат во тие 5 висококатници од сега сами ќе си го средуваат она за што вие сте задолжени, заради нив и нивните деца кои денес беа едни од носителите на акцијата“, пишува во објавата.