Децата од Дневниот центар „Деца на улица“ ја посетија Зоолошката градина

Градоначалникот Шилегов и директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски вчера им беа домаќини на децата корисници на услугите во Дневниот центар „Деца на улица“, кои ја посетија скопската Зоолошка.

Град Скопје обезбеди бесплатни билети за Дневниот центар по барање на вработените, децата од Центарот да добијат можност повеќе да научат и да се запознаат со навиките и чувањето на животните што се дел од ЗОО.

За дечињата од Дневниот центар вработените во Зоолошката организираа едукативна тура за која беше ангажиран Војо Иванов, познатиот раскажувач од ЗОО, кој на децата им ги објасни правилата на однесување во ЗОО, тој зборуваше и за видот на животните на еден поинаков и интересен начин за децата, коишто не испуштија своето задоволство да го искажат преку многубројни прашања до раскажувачот Војо.

Градот Скопје ќе продолжи и во иднина да се грижи за ранливите категории на деца од институциите кои ги помага.