Децата кои минуваат повеќе време во природа стануваат здрави и среќни возрасни личности

Сите знаеме дека минувањето време во природа е одлично и тоа не е ништо ново за нас. Но, резултатите од едно ново истражување посочуваат дека децата до 10 годишна возраст  а кои минуваат повеќе време во природа се соочуваат со помал ризик од ментални заболувања кога ќе станат возрасни.

Истражувачите на Аархус универзитетот во Данска ги испитувале податоците за децата родени во периодот меѓу 1986 и 2003 година. Тие успеале да најдат поврзаност меѓу времето поминато во природа за децата и здравствените проблеми кои тие ги имаат подоцна во животот. Утврдиле дека колку повеќе децата минувале време во природа до возраста од 10 година, толку помал е нивниот ризик за заболување од 1 од 16-те ментални болести кои тие би можеле да ги имаат.

Кристине Енгеман, водечки автор на истражувањето се надева дека ваквите резултати ќе им помогнат на родителите да сфатат колку е важно децата да минуваат време во природа и дека ќе направат напори за нивните деца. Иако ваквите податоци се однесуваат само на децата во Данска, Енгеман смета дека тие се однесуваат и на останатите земји во светот.