Деца од 30 скопски училишта ќе се тркаат со ролерки

ЈУ Детскиот културен центар „Карпош“ со поддршка од  Град Скопје, годинава по осми пат ќе организира „Ролер трка 2019 “, наречена  „Возиме кон иднината“. Во оваа спортска манифестација ќе учествуваат  училиштата од градот и околината. 

Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување.
Со мислата во здраво тело , здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална и  од година во година е се помасовна.

Во манифестацијата „Возиме кон иднината“, минатата година учествуваа околу 700 ученици, а годинава очекуваме бројката да биде поголема. Учесници се деца од 30  и  повеќе основни училишта од градот и околината.

На „РОЛЕРИЈАДАТА“ ќе бидат доделени по 3 награди за најуспешните учесници во машка и женска категорија

Манифестацијата ќе се организира на 17 април (среда)  во 12 часот.   
Стартната позиција  ќе биде на Бул.„Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и се движи до клучката на бул „Илинден“ со ул.„Никола Тесла“ (кај ЈП Паркови и зеленило) и назад до целта.