Деца, извинете што никогаш нема да бидам совршена мајка

Знам дека јас сум мајката која ви е потребна, иако понекогаш посакувам да бев подобра. Но, веројатно тоа е поради тоа што секојпат кога ќе погледнам во вашите прекрасни очиња, помислам на тоа дека го заслужувате само најдоброто, а понекогаш мислам дека јас не сум тоа.

Не проаѓа ден кога не сум му благодарна на Бог и кога не ја бакнувам земјата по која одите, затоа што сум толку благодарна што сум вашата мама, иако сум далеку од совршена.

Извинете што не ви беше судено да пораснете во „традиционално семејство“, со двајца родители покрај вас. Веројатно најмногу ми е жал за тоа, не затоа што посакувам работите да беа поинакви, туку затоа што нѐ гледаат како нетипично семејство, затоа што нашето семејство е помало од другите.

Верувам дека можеби можев да го направам животот полесен за сите, но во моето срце чувствувам дека ова е патот по кој ни беше судено да одиме. Иако нашиот пат е потежок, тоа не значи дека нема да излезе дека нашиот живот е прекрасно патување.

Ве сакам и двајцата и нема нешто што не би го направила за вас.

Но, јас сум далеку од совршена и понекогаш сум уморна. Не сум уморна од тоа што сум ви мајка и што ве сакам, туку од се останато. Жал ми е кога ве брзам наутро затоа што не смеам да задоцнам на работа. И жал ми е кога морам да ве оставам со баба ви затоа ми се јавиле да направам уште нешто, па сум морала да се враќам назад.

Жал ми е што не можам да бидам како другите мајки чиј живот е толку среден.

Морам многу напорно да работам за да создадам нешто за нас тројца, и иако обожавам да лежам со вас двајца во кревет, сепак знам дека морам да одам и да работам. И работам.

Жал ми е за периодите кога ќе се вратам намќореста, кога се обидувам да направам вечера, а ти ме прашуваш нешто по 100-ти пат, телефонот ѕвони и мачката мјаука, а сестра ти урла од дневната соба и се што можам да направам е да застанам со се што правам и да земам здив.

Понекогаш се потсетувам себеси дека таквите денови нема да траат вечно,но ќе има време кога посакувам да можат да траат вечно.

Ја гледам мајката која ја заслужувате, мајката која секогаш има насмевка на лицето и секогаш има совршена фризура. Таа мајка никогаш нема да се грижи дали облеката е совршено испеглана и нема да треба да ги брише лицата на децата кои се извалкани од крем.

Но, тогаш ми текнува дека вам не ви треба некој кој ќе ви покаже што е совршенство. Она што ви е потребно е да научите колку реалноста може да биде прекрасна.

Јас сум хаотична и тивка и понекогаш се плашам дека сум ве уништила.

Вие никогаш нема да го гледате животот на конвенционален начин. Без оглед на тоа дали танцувате со мене насред кујна додека правам вечера или лудите костуми што ви ги правам за Априлилили, сфатив дека „нормално“ не е судено за ниту еден од вас.

Вие веќе имате душа и драги мои, ништо не му стои поубаво на човека од душа.

И затоа извинете што се молам во кревет пред да станам, што танцувам насред кујна пред да одам во кревет. Извинете што ве бркам низ дома и тоа што понекогаш премногу сакам да ве гушкам.

Извинете ако понекогаш барам од вас да бидете позрели или очекувам повеќе од вас, но највеќе од се, извинете што го губам времето и ви се дерам за неважни работи како миење заби и чистење соби, кога можам да поминувам повеќе време смеејќи се со вас и едноставно да ви пружам љубов.

Знам дека сум далеку од совршена и во мојот ум, вие заслужувате некоја која никогаш нема да ви даде житарици за вечера или која нема да ви дозволува да јадете сладолед после 9 часот, но исто така знам дека не постои ниту една личност на планетава која може да ве сака повеќе од мене.

Сакам да знаете дека навистина ми е жал што не сум совршена, но никогаш нема да ми биде жал што го правам она што најдобро го знам.

На крајот на денот, дури и кога ќе заспиете со ливчиња залепени за образот и со откриени ноџиња, ако имате насмевка на лицето и љубов во срцето, тогаш ќе знам дека денот бил најдобар што може да биде.

Па зарем не е тоа поентата на тоа да бидеш родител?