Давид Бабунски по стапките на татко му, се сели во Јапонија

Според медиумите во Србија, македонскиот репрезентативец Давид Бабунски кариерата ќе ја продолжи во јапонскиот клуб Јокохама кој игра во „Ј“ дивизијата и минатата година беше 12.пласиран.

Ако се точни информациите дека се договорени сите детали околу трансферот, Бабунски ќе замине по стапките на неговиот татко Бобан Бабунски кој своевремено од Шпанија замина во Гамба Осака.

Интересно е што Бабунски е вториот „ѕвездаш” кој замина таму. Претходно тоа го стори и Португалецот Уго Виеира кој парафираше пред само неколку денови.