Давањето ајпад на бебињата е еднакво на злоставување

Давањето ајпад на бебињата е еднакво на злоставување, бидејќи на тој начин играме руски рулет со нивниот развој, предупреди психологот Ричард Хаус. 

Овој лекар во рамки на кампањата „Too Much, Too Soon“ спроведе истражување во основите училишта врз основа на кои констатирал дека младите се се позависни од технологијата.

- Зошто да ги збунуваме децата, кои едвај почнале да го разбираат овој свет? Не треба да ги воведуваме во виртуелниот, технолошко-волшебен свет, порача тој.

Хаус исто така препорача дека децата помали од две години не треба да користат никаква технологија, особено екрани, а на постарите деца треба да им се ограничи пристапот до технологијата. 

- Ароганцијата на модерната технологија не познава за граници. Врз осова на она што го кажав досега давањето ајпад на бебињата е еднакво на злоупотребување на децата, вели Хаус.