Дани Димитровска утре ќе одржи концерт со оркестарот на Македонската филхармонија

Дани Димитровска со Рок симфонија- јубилеен концерт со Македонската филхармонија, ќе одбележи две децении музичка кариера, две децении исполнети со композиции кои ќе останат запишани во домашната музичка историја.

Првиот солистички концерт на Дани ќе се одржи утревечер (7 март) во Македонската филхармонија, а со почеток во 20:30 часот.

Изминатиов период напорно работевме, па она што со сигурност можам да ви го ветам е вечер исполнета со одлична музика. Возбудата е навистина голема и едвај чекам да застанам на сцената, едвај чекам да се дружиме и да ви презентираме што се сработивме, вели Дани, која на сцената ќе настапи во придружба на филхармониски оркестар под диригентската палка на Бисера Чадловска.

new nike air max 2019