Дали сте знаеле дека подочњаците се знак на многу посериозни проблеми?

Кога ќе видиме некој кој има подочњаци или кога самите ќе ги забележиме на себе, прво што ни доаѓа на ум е тоа дека ни е потребен одмор. Меѓутоа, се чини дека кожата околу очите може да сокрива и многу посериозни проблеми. 

Натекната кожа под очите поголемиот дел од луѓето ги асоцира на замор, но всушност тоа може да е резултат на затнати синуси, поради алергија или некоја друга причина. Исто така, темни кругови околу очите можат да покажуваат на носна конгестија (отеченост на носната слузница). Кожата околу очите е особено тенка, па затоа преку неа можат да се манифестираат голем број промени во телото. 

Еве што можете да направите по тоа прашање:

Чистете ги синусите со солена вода.
Косултирајте се со лекар или фармацефт и користете лекови за намалување на носната конгестија. 
Доколку ништо од претходно наведеното не помага, обратете се на лекар специјалист, бидејќи можно е да се работи за уште посериозен проблем внатре во организмот.