Дали родителите мора да имаат смислено име на новороденчето пред жената да замине на породување?

Дали родителите мора да имаат смислено име на новороденчето пред жената да замине на породување или за овој податок ќе имаат рок од неколку дена за детето да добие извод од матичната книга на родени.

Оваа дилема следува откако министерот за здравство Арбен Таравари најави дека во иднина изводите ќе се вадат во болниците. На прашањата на Сител од неговиот кабинет во пишан одговор рекоа дека сеуште работат на деталите.