Дали некој од вас се сеќава на овој легендарен скопски хотел?

Една од најубавите и најлуксузни градби во старо Скопје беше и Гранд хотелот „Македонија“ кој се наоѓаше карши Ристиќевата Палата на плоштадот Македонија.

Да ги подсетиме помладите скопјани дека во хотелот Македонија за време на земјотресот загинаа многу странски туристи кои таму престојуваа.

На негово место денес е изграден хотелот Мериот.Со реизградбата на хотоел на исто место се враќа уште една легенда на старо Скопје, се враќа дел од стариот дух - се разбира во нови услови на ново Скопје, но со стар шмек ...