Продажбата на минерална вода во изминатите пет години на американскиот пазар е зголемена за  42%. Тоа се должи на сите оние кои во изминатиот период преминале од сокови и  засладени напитоци на ваквиот вид на вода.

Според др. Таз Батиа, експерт за здравје, минералната водата е еднакво хидрирачка како и обичната вода, само што во минералната е додаден јаглерод диоксид. Покрај тоа, голем дел од луѓето истакнуваат дека ваквата вода не ги хидрира еднакво, но тоа се должи на фактот дека минералната вода е потешка за пиење и затоа ја конзумираме во помали количини од обичната.

Сепак, голем број истражувања покажуваат дека минералната вода ќе ве направи да се чувствувате подуено и затоа таа треба да се избегне кај оние кои имаат проблем со подуеност или други проблеми со стомакот. Всушност, едно јапонско истражување покажува дека таа го зголемува чувството на ситост кај луѓето. На тој начин, таа помага во намалување на апетитот. Особено е корисна за избегнување на тврдата столица.