Дали iqos се ризик за здравјето?

Изминатиот период производители на цигари се обидуваат да промовираат производи со кои ќе го прошират својот опсег на пазарот.  Дел од нивната понуда се и алтернативите на класичните цигари, со цел да се спротивстават на производители на класичните цигари.  Од неодамна на пазарот во Македонија официјално во продажба се iqos електронските цигари. Увозник за нашиот пазар е компанијата Филип Морис, според кој овој уред за греење на тутунот не претставува никаков ризик по здравјето и е сосема безбедна алтернатива на традиционалните цигари.  Но, неколку релеватни истражувања говорат сосема спротивно. Тие покажуваат дека iqos цигарите имаат сериозно негативно влијаение по здравјето.

Прв во низата аргументи е фактот дека американската владина агенција за храна и лекови неодамна одби дa му дозволи на Филип Морис да ги рекламира цигарите iqos со препорака дека тие се помалку штетни за здравјето од другите цигари.

Дополнително, на почетокот на овој месец слични тврдења објави и Италјанскиот здравствен инситут кој го одби барање на компанијата производител на Iqos на пазарот да настапува со тврдењето дека овие цигари се помалку штетни од стандардните цигари.  Податоците доставени до институтот,  не се доволни цврсти за да може да се потврди тврдењето дека овие цигари се помалку штетни од обичните, заклучуваат тие во својот извештај.

Студијата направена од страна на швајцарската невладината организација „Синиот крст“ оди до таму што тврди дека температурата на која iqos уредот ги загрева цигарите достигнува и до 350 степени целзиусови и на толку висока температура се ослободуваат штетни честички наречени изоцијанати кои се особено штетни по здравјето на пушачите. Студијата наведува и дека овие честички може да бидат причина и за сериозни здравствени проблеми како астма или хроничен бронхитис. 

Британските медиуми пренесуваат студии кои велат дека овој вид на цигари го зголемуваат ризикот од рак на белите дробови и нивната штетноста по здравјето на пушачите е евидента.

Во нашата држава сеуште нема релеватно истражување за влијанието на iqos цигарите врз здравјето.