Многумина веруваат дека кафеавиот шеќер е многу поздрава варијанта од белиот шеќер, или барем така е рекламиран овој производ. Но и пред да се разјасни разликата, и едниот и другиот - се шеќери, знаши нешто што треба да се одбегнува ако се може, ниту еден од нив не е “здрава“ варијанта.

На производите, терминот "шеќер" се однесува на сахарозата која е добиена од шеќерната репа или трска. Производителите го екстрактираат сокот од репката со помош на топла вода, па потоа го центрифугираат и се формира меласа во форма на шеќерни кристали. Како резултат на процесот се добива бел гранулиран шеќер.

Водата е клучна состојка во добивањето шеќер од шеќерна трска. По истата хиерархија таа е клучна и за разликата меѓу кафеав и бел шеќер.

Кафеавиот шеќер е производ на нерафиниран или делумно рафиниран шеќер со остатоци од меласна содржина врз тие кристали, или едноставно се добива со додавање на меласа во белиот рафиниран шеќер, односно обично боење на шеќерот со природна состојка - меласа.

На прва рака овие кристали ќе бидат кафеави, бидејќи "чистокрвните" кристали се уште се покриени со тенок слој на меласа. Уште неколку пати повторување на истата постапка, ќе го исчистат целиот сируп и ќе се добијат белите шеќерни кристали.

На кафеавиот шеќер е останат тенкиот слој на сируп (меласа) тој содржи и повеќе вода. Ова е и причината зошто ако подолго време заборавиш кафеав шеќер, тој станува тврд како цигла - целата вода од сирупот испарила, заради што кристалите се соединиле.

Ако сакате да направите паметен избор, имајте на ум дека внесувањето на шеќер не е ништо друго освен внесување празни калории без никакви здрави хранливи состојки. Иако 1 грам кафеав шеќер има незначително помалку калории од белиот шеќер, сепак лажичка кафеав шеќер содржи повеќе калории од белиот заради поголемата густина, односно има повеќе шеќер во истата лажичка.