Дали грешиме кога и даваме шанса на старата љубов?

Сигурно ви е позната изреката „Не ја читај истата книга два пати, ако крајот го знаеш однапред и не ти се допаѓа“.

Односите кои се развиваат меѓу 2 личности не завршуваат среќно секогаш. На почетокот доаѓа заљубеноста, потоа доаѓаат разбирањето, довербата и почитта, а заљубеноста и страста можат да исчезнат или да останат. Ако тоа се случи, подвлекуваме црта и ја завршуваме љубовта.

Но, многу луѓе од различни причини одлучуваат да се навратат повторно и повторно на старата љубов. Тие забораваат на причините кои ги натерале да ја остават таа личност, сите несогласувања и тешки зборови и мислат дека се ќе биде поинаку кога би се случило по втор пат. Но, тоа е повеќе исклучок одошто правило. Луѓето не се менуваат и како што вели  Меша Селимовиќ, ни стар фустан не се крпи, а камоли љубовта.

Не и давајте шанса на старата љубов бидејќи така не си давате шанса да продолжите понатаму. Непотребно е да ја задржувате таа личност или да се задржувате себеси во нешто што еднаш не функционирало како што треба. Животот е еден и премногу е краток за да се навраќаме на старите рани од минатото.

Заслужувате нова шанса, нови луѓе и нови искуства. Односот кој е завршен остава трага на вас, но треба да продолжите понатаму. Нека тоа ви биде лекција од која можете да научите нешто и да продолжите напред.