Дали го гледате животот низ решетки?

Дали грчевито се држите за решетките и сакате надвор или плашливо се криете зад нив?
Дали она што го сакате е од другата страна? Или сепак не?

Како се чувствувате? Како победник или како затвореник? Каде сте, на која страна?
Каде е она што го нарекувате живот? И дали е навистина живот?

Што и да одговоривте, во ред е. 

Важно е само како вие се чувствувате во врска со тоа. Дали сте среќни и задоволни со тоа или не. Пресудно е само вашето чувство околу тоа дали да направите нешто или не. Никој од страна не може подобро од вас да го процени тоа. Само вие ја знаете вистината.

А јас само ве потсетувам дека имате право да бидете она што сакате да бидете и онаму каде што сакате да бидете. Дека вредите. Дека имате можност да промените нешто.
Дека заслужувате да се чувствувате фантастично и заљубено во својот живот. 

Не сте дошле на овој свет за да се мачите. Сте дошле за да живеете. Па живејте.

  • Ива Брадариќ