Дали електронските цигари се штетни по здравјето?

Сте се запрашале ли некогаш дали електронските цигари се штетни и на кој начин функционираат?

Професорот Игор Бурстин од Универзитетот Дрексел во САД, тврди дека хемикалиите кои се користат во електронските цигари не претставуваат опасност по здравјето, ни за оние кои ги користат ниту за оние кои се во непосредна близина.

Е-цигари користат милиони поранешни пушачи кои се засекогаш зависни од никотинот, посебно во земји како што се САД, каде антипушачката кампања значително го намалила бројот на пушачи. Некои лекари претходно говореле за здравствениот ризик од пареата која ја испушта е-цигарата и дали овие цигари се опасни по здравјето или не.

Истражувајки околу 9000 претходни хемиски анализи и испарувања, др.Бурстин заклучил дека тие се далеку под дозволената граница.

Од друга страна Британскиот Национален Институт оваа година објавил дека во пареата од е-цигарите пронајдена е значителна количина на канцерогени молекули кои претходно не биле детектирани.
Сега останува на нас да погодуваме кое од овие истражување е исправно.