Дали детето коешто беше би се гордеело со човекот кој си денес?

Дали би било среќно додека го гледа животот кој го живеете или тажно би ве погледнало и би ве прашало: „Каде исчезнаа твоите соништа?“

Дали би се гордеело со тоа што сте ја зачувале вербата во љубовта, затоа што ја работите работата којашто ја сакате и го поминувате слободното време со чувство на исполнетост и среќа? Или со неверување би сфатило дека сте ги симнале критериумите и дека сте се согласиле да бидете во врска или брак во која љубовта речиси и не постои, да имате пријателства во кои нема искреност, да работите нешто коешто го презирате, а остатокот од денот го поминувате во размислување за тоа дека на другите им е подобро од вас, затоа што се родени под среќна ѕвезда, а вам едноставно не ви е суден животот од соништата. 

Каде сте вие во оваа приказна? Дали управувате со вашиот живот или дозволувате околностите да управуваат со вас? Дали сте се согласиле на помалку од она што го сакате, само затоа што не верувате дека заслужувате повеќе? Дали живеете, а се чувствувате како одамна да сте мртви одвнатре? Каде исчезна животната радост? Таа е во вас!

Сѐ уште постои искричка таму некаде длабоко каде што сте ја закопале во душата. Дозволете ѝ да излезе на површина. Сѐ додека дишете не е доцна да започнете да го живеете животот од соништата. Што е она што вистински ве допира и радува? Што е она што го буди адреналинот во вас и прави крвта забрзано да ви тече низ вените?

Осудете се повторно да влезете во сопственото срце и да им дозволите на вашите заспани соништа и желби да излезат на површина. Тие се таму со причина, вие сте дошле на овој свет за да ги остварите, да ги живеете! Вие сте тука со мислија и цел! И додека не го остварите тоа, едно внатрешно гласче цело време ќе ви шепоти на уво и ќе ве потсетува да се движите. 

Осмелете се, делувајте и покрај стравот и тргнете кон светлото на вашата душа!

Само храбро чекорете напред, детето во вас нека се разбуди и повторно нека ве израдува! Нека се врати сјајот во вашите очи, насмевката на лицето и она посебно чувство на среќа во градите. Вие го заслужувате тоа, вие вредите, вие можете!

Чекорете радосно како дете! И никогаш не се откажувајте!