Дадилката што претепа дете во игротека во „Капитол“ доби 1,5 година затвор

Судот пресече, една и пол година затвор доби дадилката што во ноември претепа детенце во една игротека на едно кафуле во трговскиот центар „Капитол“ во Аеродром. Дадилката, која беше линчувана во јавноста откако се појави видеото со случајот, ја признала вината, па Кривичниот суд пресекол.

Но казната уште не е конечна оти предметот е на Апелација, па ќе се чека негова оценка за тоа дали казната можеби ќе биде променета или не. Немилиот настан се случи на 21 ноември лани, а тепањето на детето било снимано од безбедносните камери на игротеката. Подоцна кога случајот се процесуираше, обвинителството поднесе акт во кој стоеше дека “додека родителите биле на работа, негувателката повеќепати го удрила детето со шлаканици, го давела со раката држејќи го во пределот на лицето и устата и неколкупати го подигала и удирала од земја. Детето во неколку наврати се обидувало да и побегне, а од малтретирањето се здобило со телесни повреди“.
(повеќе на Скопкско Ехо)